Преживеале ужас: Единаесет патници од Македонија повредени во сообраќајката во Италија, веќе се пуштени дома

235

По соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто, 11 патници, македонски државјани, во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Оваа информација ја добило македонското МНР преку Амбасадата во Рим во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија.

Како што соопшти МНР, дванаесеттиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денов ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

-Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МНР.

На автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија вчера се случи сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

МНР преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Претходна вестПрегазена малолетничка во Куманово, во неа удрил 64-годишен возач
Следна вестМОРА ДА ГО ВИДИТЕ: Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис