„И вториот син ми го однесоа во полиција“: изјави таткото на осомничениот за убиството на малата Данка

172

Жителите на селото Злот се шокирани и изненадени од постапките на нивниот сосед Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека на 26 март во Бањско поле ја убил двегодишната Данка Илиќ заедно со Срѓан Јанковиќ. Неговиот татко Раде се уште не може да поверува што им се случило.

„Ако е виновен нека одговора, тоа ќе го утврди судот. Го одведоа и мојот помал син Далибор на распит во полиција. Јас сум болен ос срце, вчера дојде брзата помош да ми помогне, да не земав лек немаше да можам да излезам од капијата“, изјави Раде Драгијевиќ.

Таткото на Дејан не можел ни да се сети на кој ден бил уапсен неговиот син. Вели дека полицијата била на неговиот имот, но не нашле ништо, па си заминале.

Дејан не е оженет и живее во куќа со татко му и братот, а мештаните на Злот велат дека е стар ерген.

Во Бањско поле се уште трае потрагата по телото на Данка Илиќ. Полицијата од утрово повторно е на терен.

Претходна вестДАНКА СЕ РАЗБУДИЛА ВО АВТОМОБИЛОТ? Началник во српската полиција открива зошто мажите го давеле девојчето
Следна вестЛош почеток на кампањата: Нападната телевизиска екипа на митинг на една од партиите – ова се деталите