ТАЖНО: Објавена е првата снимка од автомобилот, со кој што двајцата осомничени ја прегазиле Данка

283

Објавена е првата фотографија од белиот автомобил „фиат панда“ со кој што двајца работници на Водовод од Бор во Србија ја прегазиле малата Данка Илиќ (2) по која се трага веќе десет дена.

Како што можете да се види на фотографијата, снимена е на 26 март, денот кога исчезна Данка Илиќ, во 13 часот и 35 минути и 35 секунди во Улица Радомира Путника. Подоцна е снимено дека возилото се паркирало во 13 часот и 50 минути пред куќата во која била Данка Илиќ, што се поклопува со времето на нејзиното исчезнување, објави Индекс.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ изјави дека се уапсени двајца вработени во комуналното претпријатие од Бор и тие се изјасниле за виновни бидејќи било констатирано дека со службениот автомобил „фиат панда“ удриле во девојчето недалеку од дворот од кој таа излегла, а потоа ја ставиле во багажникот и ја однеле до депонијата и го фрлиле телото.

Како што рече министерот, мајката Ивана Илиќ со децата дошла во Бањско поле во 13 часот и 10 минути, а децата си играле во дворот каде ги фотографирала. Во 13:22 часот, рече таа, сфатила дека Данка ја нема, а нејзиниот сопруг се јавил во 13:41 часот. Таа кажала и дека во тој период од 13 часот и 45 минути до 15 часот и 52 минути Данка го напуштила дворот и тргнала по асфалтот, што го потврдиле и двајца сведоци“.

Околу 13 часот и 50 минути, додека го барала детето, мајката здогледала бел автомобил и до него стои машко лице, за кое подоцна, при увидот, се покажало дека е возилото „фиат панда“, во кое биле осомничените С.Ј. и Д.Д. „Според изјавата на еден од осомничените, тие биле на работна задача во населбата Бањско поле, каде требало да ја проверат шахтата на улицата Озренска, каде што пристигнале во 13 часот и 20 минути“, рече Гашиќ.

Да потсетиме, полицијата во Бор ги уапси работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ (2).

Како што покажал ГПС уредот во нивното возило, девојчето било удрено од Јанковиќ и Драгијевиќ (50) со брзина од 20 километри на час.

Брзината со која била удрена малата Данка го наметнува прашањето дали била сè уште жива кога ја ставиле во багажникот од возилото и малку подоцна ја оставиле на буниште.

Тоа што не се ни обиделе да ѝ помогнат, туку ја оставиле на депонија, што можеби било пресудно за смртта на девојчето, веројатно е причината поради која двајцата работници на Водовод се обвинети за убиство.

Неверојатен детал е тоа што додека го возеле девојчето кон депонијата, таткото на Данка ги сретнал во потрага по девојчето и ги прашал дали ја виделе, што тие негирале. Министерот Гашиќ на прес-конференцијата посочи уште еден детаљ што го смета за монструозен – дека во потрагата по девојчето следниот ден се вклучил еден од осомничените заедно со други колеги од компанијата.

Телото на малата Данка се уште не е пронајдено и се сомнева дека еден од двајцата осомничени Јанковиќ се вратил на депонијата и го префрлил на друга локација.

Претходна вестНа сила го однела невенчаниот сопруг (87) на нотар за да и го препише имотот
Следна вестХАОС: 49-годишна скопјанка истепана од својот брат, се расчистува случајот