Ќе има „војна“: Вечерва на Канал 5 ќе се судрат Ковачевски и Мицкоски

210

Првото телевизиско соочување меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, е од огромно значење и дава демократски печат во предизборието, оценуваат дел од експертите.

Во пресрет на вкрстување на аргументите на ден пред почеток на кампањата за претседателските избори, тие оценуваат дека дуелот ќе има големо влијание врз неопределените гласачи.

Во фокусот на дебатата, според Зиков и Малчевски се очекува да бидат економијата и евроинтеграциите, бидејќи токму со тие теми почнаа ветувањата кон граѓаните.

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае повеќе од 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва.

Претходна вестТРОЈЦА ТЕТОВЦИ ЈА НАПАДНАЛЕ СНААТА Таа ги пријавила, полицијата ги привела
Следна вестХОРОР вест ја потресе Македонија: Во сообраќајка тешко повредено 10 годишно девојче на велосипед