ХОРОР вест ја потресе Македонија: Во сообраќајка тешко повредено 10 годишно девојче на велосипед

223

Во СВР Велес вчера попладне во 16 часот било пријавено дека во велешкото село Горно Оризари, на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која настрадало десетгодишно девојче на велосипед.

Во сообраќајката учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48 годишниот С.Б. од село Горно Оризари.

Како што информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес, за МИА информира дека во болницата нешто по 16 часот било донесено 10 годишно девојче од село Горно Оризари, велешко, на кое и била дадена итна лекарска помош и упатена во оддел за Радиодијагностика,каде била констатирана скршеница на рачен зглоб.

-По укажаната лекарска помош од страна на хирург,пациентката е пуштена на домашно лекување,појасни Андова.

претходниот член,Ќе има „војна“: Вечерва на Канал 5 ќе се судрат Ковачевски и Мицкоски
Следната статијаАвстриска полиција: На објавеното видео најверојатно е исчезнатата Данка Илиќ