БРИКС ја покани Србија на следниот самит, Вучиќ остава отворена можност да се сретне со Путин

263

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе ја разгледа можноста за учество на самитот на БРИКС во Казан, Русија во октомври оваа година.

Економскиот сојуз БРИКС го сочинуваат: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, додека Србија е кандидат за членство во Европската унија.

Сепак, претседателот Вучиќ претходно изјави дека Србија во иднина може да се соочи со избор меѓу Европската унија и БРИКС.

Русија претседава со БРИКС во 2024 година. Програмата на нејзиното претседавање вклучува повеќе од 200 различни настани, од кои централниот е самитот на лидерите на БРИКС во Казан во октомври.

Претходна вестПронајдена Македонката која беше исчезната – ова се деталите
Следна вестЛукаревска најави нешто што го очекуваа сите: Воведување данок на луксуз и ревизија на сите дипломи