ДЕН ДВА: Цела ноќ врне страотен дожд – исто е и утринава, но спасувачите и доброволците остануваат на терен, потрагата по Данка во Бор продолжува

328

Во Бор синоќа околу 01 часот почна да врне дожд и не престанува ниту утрово.

Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор влезе во втор ден, а медиуите кои се на лице место известуваат за лошите услови на теренот и ладното време. Како што јавуваат, така се сите планини над 1.000 метри надморска височина.

„Ледено е, не е исто како во Белград. Додека во Белград сега дува силен ветер, овде ни лист не мрда, но е многу постудено“, вели еден српски репортер репортер.

Во Бор синоќа околу 01 часот почна да врне дожд и не престанува ниту утрово. И покрај тоа, оние кои се таму за помош, не заминуваат и потрагата продолжува.

Тој додава дека видливоста е значително намалена, што уште повеќе ја отежнува потрагата по девојчето.

Во моментов во околината на Бор е неколку степени над нулата.

Да потсетиме, малата Данка исчезна вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор.

Претходна вестСрбија вечерва нема да спие, малата Данка ја бараат над 1.000 луѓе, се вклучува и Жандармеријата – соседот открива детали од истрагата: Шансите детето да е тука се минимални
Следна вестБитола станува гигант: Немаше ниту еден, сега наеднаш ќе добие ДВА мола – познати и имињата