Интер го потврди повредите на двајца свои играчи

246

Интер и официјално ги потврди повредите на двајца свои играчи, голманот Јан Зомер и играчот Стефан де Фреј.

На швајцарскиот голман му е дијагностицирано истегнување на зглобот, кое го заработи на пријателскиот натпревар со Данска (0:0). Искусниот чувар беше принудно заменет. Сеуште не е јасно колку време ќе отсуствува Зомер, а неговата состојба ќе се проценува од ден на ден.

Холанѓанецот Стефан Де Фреј заработи повреда на адукторот и за неколку дена ќе биде подложен на уште еден преглед. Двајцата се очекува да го пропуштат следниот натпревар на Интер против Емполи. Средбата е на 1 април, понеделник.

Претходна вестСпремете се: Без струја утре повеќе скопски општини
Следна вестНЕМА ШЕГА: На терористот од Москва му го отсекоа увото и му го ставија да го јаде