Заминува од Македонија: Фросина Ременски оди во друга држава, таму ќе живее и работи

433

На 13-ти февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.

Потписник на оваа одлука е вицепремиерот на Владата, Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски од политичките функции, покрај пратеничката, ја извршуваше и функцијата потпретседател на Собранието.

Шест години беше еден од потпретседателите на СДСМ, а ја извршуваше и функцијата министер за труд и социјална политика. Редовен професор е на Факултетот за безбедност – Скопје.

претходниот член,Што се случува, на лошите вести им нема крај: По велосипедист, за неколку часа прегазен и пешак на истиот пешачки премин кај поликлиника Бит Пазар
Следната статија(ВИДЕО) Пожар кај хотел во близина на „Ист Гејт“ – има снимки од лице место