Кој ќе биде идниот претседателски кандидат на СДСМ?! Деновиве се почесто се слуша името на Радмила Шекеринска како можен кандидат за следен претседател на државата. Според извори на СДСМ таа е еден од најсеризните кандидати, иако сѐ уште не е донесена конечната одлука и не е избрано името на следниот кандидат.
Шекеринска е во политиката уште од нејзината младост, некаде од девдесетите години на минатиот век. Во нејзината политичка кариера се забележани неколку функции – пратеник, министер за евроинтеграции, министер за одбрана, а еден месец беше и в.д. премиер на Македонија. Одреден период беше повлечена далеку од очите на јавноста, но нејзината активација во последниот месец се поврзува со наводно нејзина кандидатура за претседател на државата.
Сѐ уште се споменува и името на Венко Филипче како претендент за кандидат.
20 март е краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. СДСМ најави дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател.