Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан, а во продолжение прочитајте ја веста за Онкологија
Ова утро повеќе медиуми добија информација дека се врши претрес на Онкологија, кај осомничени за случајот со препрдажба на лекови.
Сепак, како што дознава Слободен Печат, има и уапсени лекари.
-Утринава полицијата прави претреси кај лекари од Клиниката за онкологија, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.
Според нивните извори има и уапсени лекари. Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс-министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.
Според нашите информации претреси се веќе направени кај Н.Н, Е.Џ, и Н.В. Претреси имаше и пред неколку месеци по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од Обвинителството за денешните претреси.