Ѓорѓе Давид не смее да се врати во Србија – останува во Македонија: Се огласија од Судот во Куманово

313

Несреќата која ја потресе цела држава, а во која за жал загина и жена од Куманово. Јасно е дека сето тоа многу го потресе и пејачот Ѓорѓе Давид, кој беше директен учесник во несреќата.

Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија.

По објавите во српските медиуми дека рок-музичарот Ѓорѓе Давид, ја напуштил Македонија и се вратил во Белград, по сообраќајна несреќа кај Табановце во која загина жена, се огласија од кумановското обвинителство да потврдат дека утрово тој се јавил во Судот како мерка на претпазливост која му е определена.

-Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила.

Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено, велат од обвинителството. Од таму посочуваат дека резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

Претходна вестТензиите не стивнуваат: Во моментот во Чашка е напнато поради воведување на паралелка на албански јазик
Следна вестЕден КУП пари, секој може да дојде до дел од овие 5 милиони евра – ова се условите за да аплицирате