Се е парализирано: Ова утро во најладниот град во Македонија измерени -19 степени

332

Дојде вистинската зима. Граѓаните конечно кажаа – да ладно е.

Ова утро најстудено е во Берово, каде температурата падна до -19, додека најтопло е во Дојран, со само – 2 степени.

Како што соопштија од УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени. Во Скопје сончево и тивко со мала облачност.

Максималната температура ќе достигне три степени над нулата

Бонус видео: Невремето направи хаос на патиштата во Македонија

Претходна вестПолни раце работа за пожарникарите во последните 24 часа – за жал има и жртва, едно лице загина
Следна вестВо еден дел во Македонија, граѓаните ги разбуди благ земјотрес