Почина еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бше осуден во аферата „Шпион“ – според осудените една од најголемите местенки во Македонија

309

Поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Диневски почина денес.

Диневски беше еден од осудените во аферата Шпион, која ја следеа голем број контроверзии, а според сите обвинети, сето тоа е класична местенка.

Во истата афера обвинет беше и новинарот Зоран Божиновски, кој ја објави веста за смртта:

„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА… Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.

Од него се опрости и популарниот Божидар Божиновски кој напиша:

Денес почина еден голем човек и борец, историска личност важна за осамостојувањето на Македонија без крв Александар Диневски. Никогаш не го испивме кафето шо го договаравме, многу муабети ни останаа недовршени. Нека ти е светол патот и сочувство до семејството.

Претходна вестМонструозен план: Младиот убиец Коста лесно може да излезе на слобода – еве што ќе направи
Следна вестНова несреќа на патиштата во државата: Настана карамбол, се судрија ТРИ автомобили – има повеќемина повредени, МВР излезе со детали