Ужасни вести утрово од Германија: Голем пожар во болница, најмалку едно лице загина – над 20 се повредени

320

Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а 22 лица се повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти денеска противпожарната служба.

Пожарот што избувна синоќа во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува Билд.

Пожарот што избувна на третиот кат брзо се проширил на неколку болнички соби, по што голем број лица биле евакуирани од болницата.

Во акцијата за спасување учествувале околу 140 пожарникари, се прецизира во соопштението.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

претходниот член,Во државата ќе има ред и правда: МВР во засилена акција вечерва – познати се напаѓачите, се бараат и сите ќе одговараат
Следната статијаТреба да направите една важна работа и тоа во ТИШИНА – Утре е трет ден Божиќ и се слави Свети Стефан