Во државата ќе има ред и правда: МВР во засилена акција вечерва – познати се напаѓачите, се бараат и сите ќе одговараат

348

Полициски службеници вечерва на повеќе локации низ главниот град и во Тетово го бараат Беким Незири екс министер за економија од ДУИ кој сега е вработен во Македонска навигација.

Полицаец, но и лице осудено за кривично дело со настрадан при пукање учествувале во упадот во М-НАВ, денеска попладне, тврдат за Телма, извори запознаени со истрагата за инцидентот.

АЛСАТ-М повикувајќи се на свои извори објави дека упадот врз контролори на летање во М-нав денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири. Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.

Упадот според Алсат го водел функционерот на ДУИ Беким Незири кој е и поранешен министер за економија. Друг член на бандата која упаднала во контролата на летање, задолжена за безбедност на воздухопловниот сообраќај во државата, бил и сопруг на жена која пред неколку месеци била вработена во Навигација. Според информациите на Телма со иницијали Е.С. претходно имал и условна затворска казна за насилен инцидент со нстрадан човек при пукање.

Во инцидентот, според нашите информации учествувал и Д.Л. полицаец, вработен во СВР Тетово. Полицијата го потврди пријавувањето на инцидентот, но објави само иницијали од напаѓачот кој е вработен во М-НАВ каде заедно со членови на ДУИ ги напаѓал и тепал колегите кои преку синдикатот се бунеле за злоупотребите на актуелното раководство и распишаните огласи за нови вработувања. Иницијалот на водачот на нападот Б.Н. соодвествуваат со името на Беким Незири кој е ангажиран како советник во М-НАВ.

Од ДУИ засега нема реакција за овој упад во М-НАВ за што се посочени нивни членови. Нема ниту реакција од партискиот портпарол, министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше претседател на чирскиот огранок на ДУИ пред официјално да биде избран Беким Незири.

Со упадот во контролата на летање и нпадот врз вработени може да се влијае и врз безбедноста на воздушниот сообраќај. Станува збор за сериозно и тешко кривично дело за кое според кривичниот законик е предвидена и казна од една до десет години затвор.

Извор: Телма

Следната статијаУжасни вести утрово од Германија: Голем пожар во болница, најмалку едно лице загина – над 20 се повредени