Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Денеска, на официјалниот старт на кампањата за годинешните парламентарни избори, носителот на листата со кандидати на Коалицијата За европска иднина за втората Изборна единица, Оливер Спасовски, на прес конференција ги сподели главните економски мерки кои се дел од изборната програма на оваа коалиција, а се осврна и на важноста на овој изборен циклус.

„Со целиот мој политички бекграунд одговорно тврдам дека ова се посебно важни избори. Пред нас е важна задача, а пред народот сериозна одлука: да го определиме правецот на движење на нашата татковина, заеднички да решиме каде ќе се насочиме во наредните четири години, во каква држава сакаме да живееме и каква Македонија ќе им оставиме на идните поколенија. А кога зборуваме за перспективата на оваа држава, Коалицијата за европска иднина нуди надеж наспроти безнадежност, просперитет наспроти зачмаеност во минатото, обединување наместо тензии и комплетна изолација“, рече Оливер Спасовски, потсетувајќи дека темелите за таква иднина се веќе поставени со рушење на режимот и враќање на слободата на тогаш заробената држава и на спокојот кај граѓаните, помирување со соседите, обновување на старите заборавени пријателства, зацврстување на традиционалните стратешки партнерства, влез во најмоќниот воено-политички НАТО сојуз.

„По повеќе од една деценија го исправивме патот кон европското семејство, а притоа ги зачувавме македонските национални и државни интереси. Добивме признати јазик и идентитет, призната црква, но и многу сојузници и пријатели. Сето ова е доволен темел за нашето мото: Нема откажување од иднината! Од оваа точка враќање назад нема. Бидејќи сега, откако темелот се постави, време е за подобро и повеќе! Тоа значи имплементирање на европски стандарди во сите сегменти на живеење. Повеќе пари, подобар животен стандард, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе за сите! Но, тоа значи и учење на европските принципи и вредности по кои ќе ја доуредиме нашата држава за да биде солидна просперитетна европска држава во која со задоволство ќе живееме и работиме. И ние, и идните поколенија“, истакна Спасовски.

Со проекцијата за просечна стапка на раст од 5,1% во наредните четири години, тој потсети на оствареното ветување за континуираниот раст на платите.

„Да не заборавиме дека минималната плата за време на режимот беше замрзната и изнесуваше едвај 8.800 денари, а во текстилната, кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари, што беше под секое ниво на човечко достоинство. Сега таа е неспоредливо повисока, дури и повисока од просечната плата во тоа време – 22.500. Сегашната просечна плата, пак, изнесува 39.500 денари. Патем, сето ова го направивме истовремено трпејќи ги ударите од енергетската и кризата предизвикана од коронавирусот. Бидејќи за нас човечкиот капитал е најважен!“, посочи Спасовски, за следните четири години најавувајќи зголемување на просечната плата за дополнителни 500 евра, со што ќе достигне рекордни 1.100 евра, додека минималната ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари.

Главната цел на економскиот дел од програмата на СДСМ, според Спасовски, е доближување на животниот стандард до европскиот, со ветување дека преговорите со ЕУ ќе ги завршат до 2028 година, а до 2030 година ќе се добие и полноправно членство, со што просечната плата веднаш би изнесувала 1.300 евра, а минималната 800 евра.

Покрај ова, за следниот мандат Спасовски најави и сериозна дебата за воведување данок на луксуз и богатство: „Тоа беше рак рана за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ‘големите патриоти’ не сакаа да издвојуваат за државата соодветно со висината на накалапеното богатство. А за нас, единствено правично е тие што имаат многу, да плаќаат повеќе“.

Тој потсети на успешното намалување за половина на стапката на невработеност во претходниот мандат, со ветување дека до 2028 година од сегашните 12% невработеноста ќе се намали на 7%, со што за првпат во историјата на независна Македонија ќе може како држава да се пофалиме со едноцифрена бројка.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Немили сцени во Куманово: Избоден малолетник, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Интервју со заменик Генералниот Директор на АД Мепсо Никола Рилак: Развојот на МЕПСО беше и ќе остане мој императив во работењето

Нашиот портал направи интервју со заменик Генералниот Директор на АД Мепсо, Никола Рилак, во кое открива многу интересни, но и непознати работи за јавноста. -Поминаа две години откако ја извршувате функцијата Заменик Генерален Директор на АД Мепсо. Кој беше вашиот најголем предизвик? Рилак: Во изминатите две години како...

Браво за БЈБ: Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

МВР извести дека денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го уапсиле И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. „При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори...

Немили сцени во Куманово: Избоден малолетник, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар. Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,...

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек...

ДЕНЕСКА Е ЃУРЃОВДЕН: Бог го дарува Св. великомаченик Георгиј со сила да им помага на тие што го слават неговото име

Денеска е 23 април (по стар стил) и се слави Св. великомаченик Георгиј. Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта...

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните, по НАТО ќе ја внесе земјата и во ЕУ

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, изјави дека нема да се откажат од нивната цел за Македонија во ЕУ, исто како што Илинденците и Асномците во минатото не се откажале од создавањето на независна и самостојна држава. „СДСМ заедно со...

ДОБАР ПОТЕГ: Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност со што се враќаат старите цени. Ова е епилогот по денешниот нов состанок во Министерството, откако осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за...

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

После долго боледување, денеска на Велики Четврток, почина таткото на Тоше Проески, Никола. Веста на социјалните мрежи ја сподели неговата ќерка, Дора Проеска. -Светол патот, татко мој – напиша таа. Нека почива во мир и сочувство до семејството!

Домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца – обичаи за Велики четврток

Денес е Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На...

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов, му одговори Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, на условот за коалицирање изнесен вчера...

Љубчо Георгиевски: Испаѓа дека ВМРО-ДПМНЕ се најголеми платеници на бугарските служби

На Фејсбук се појави обајава од Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-Народна партија. Ајде уште еднаш да појаснам зошто очигледно некои луѓе потешко разбираат: -Во 2014 година во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиер Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија објавува едиција PRO...

Лукаревска од Виница: Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност

Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност. СДСМ памти, почитува и цени, нема да отстапиме од нашиот план: Mинимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари Усогласување секој јануари и јуни,...