ИНТЕРВЈУ со Сања Лукаревска: Одлуките кои ги носиме, ќе бидат потврдени од времето како историски

Заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „Информа“ зборуваше за очекувањата во однос на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Информа: Сите очи се вперени кон 24-ти април односно 8-ми мај. Кампањата за претседателските избори веќе е во тек. Kакви се очекувањата на СДСМ како партија и која е реалната слика на терен, дали може да се очекува СДСМ повторно да биде дел од власта?

Сања Лукаревска: СДСМ е сериозна партија која што има одлична изборна програма и како и секогаш претендира да ја освои, или како сега, да ја задржи власта. Власта сама по себе не е цел, да се добијат изборите, да се формира Влада, тоа е начинот да ја реализираме нашата изборна програма и цврстата определба за европска Македонија. Се залагаме и работиме за европски стандарди дома, за подобри работни места за повисоки плати, повисоки пензии, за подобри услови за живеење. Сите овие придобивки се поврзани со успешноста на евроинтегративниот процес. Колку побрзо се движиме кон ЕУ толку побрзо ќе напредуваме и како држава и како граѓани. Ние сме со граѓаните секојдневно, настапуваме отворено и одговорно. Треба да се биде искрен, зашто и по изборите треба да си кажеме добар ден и овде во Делчево, и во Штип, и во Велес и во Прилеп, пак ќе се видиме. Одлуката е на граѓаните, на крајот од денот тие одлучуваат за својата и за иднината на државата. Затоа и ќе ги замолам, да гласаат со вистинско убедување во својот избор, зашто овие избори се многу важни.

Информа: Во 2020 година бевте ко-носител во ИЕ 2, додека на овие избори ќе бидете носителка во ИЕ 3. Каде Сања може да донесе повеќе гласови и која е разликата меѓу двете изборни единици?

Сања Лукаревска: Независно од тоа во која изборна единица сум носител на листа, важно е на граѓаните да им ја презентирам програмата на СДСМ и коалицијата, целите кои ќе ги реализираме во следниот мандат. Изборната единица 3 е специфична по тоа што опфаќа голем број на општини, 24. Имам многу пријатели скоре секаде, но, секојдневно имам можност да се запознаам и со многу нови луѓе, различни, но главно срдечни, отворени и искрени. Разговараме, ги респектирам нивните мислења и убедена сум дека тие ќе го направат вистинскиот избор. Мирот, стабилноста, благосостојбата, себе почитта и почитта од другите не се подразбираат, не се случуваат сами од себе, за тоа се потребни државнички, храбри одлуки на свесни и совесни политичари. Градителите мислат и работат за иднината, за уривање е доволен и еден ден. Затоа, верувам во граѓаните, верувам во нивната свесност за важноста на овие избори и за тежината на нивниот глас. Наше е да се бориме за целите во кои што веруваме, а моќта е во граѓанинот, во тој што го има гласачкото ливче во рака. За СДСМ демократијата е највисока вредност, а правото на слободен избор е најцврстата гаранција за демократија.

Информа: Лукаревска е една од ретките политичари кои долги години е во политика, но вашето име не е поврзано со ниту една црна дамка. На што се должи тоа?

Сања Лукаревска: Невозможно е да си во политиката, секојдневно да си изложен пред судот на јавноста, а да останеш недопрен. Сигурно и јас не сум поштедена од тоа. Но, кога влегуваш во политика, најважно е да имаш договор сам со себе за принципите кои ја определуваат твојата личност и да останеш доследен на нив. Ако се движиш по сопствената патека и воедно работиш за остварување на целите на политичката опција која ја застапуваш, секогаш имајќи предвид дека работиш за граѓаните зашто тие ти ја дале довербата, можеш да спиеш мирно. Работа, интегритет, доверба и почитување. Не е лесно, ама вреди.

Информа: Откако сте на директорската позиција во УЈП, се случија неколку револуционерни промени. Која е мерката со која најмногу се гордеете и дали постои нешто кое сакавте, но немавте доволно време да го реалзирате во самата институција?

Сања Лукаревска: СДСМ во сите свои партиски, а потоа и во владините програми од 2017 година е свртена кон граѓаните. И мојата цел како директор беше да ја вратам довербата на граѓаните, УЈП граѓаните да ја доживуваат како институција која работи за нив, а не да се плашат дури и од името. И мислам дека успеваме во тоа со односот што го градиме со компаниите и воопшто со сите даночни обврзници. Работиме транспарентно, имаме еднаков пристап кон секого. Мерката МОЈ ДДВ беше новина. Ја воведовме пред речиси 5 години и е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните. МојДДВ продолжува . Имаме цел во 2025 година максималниот износ на поврат да го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој да изнесува 3.000 денари во едно тромесечие. Важна придобивка која многу им олеснува на граѓаните е електронската предпополнета годишна даночна пријава. Нема веќе хартија и чекање во ред. Граѓаните само треба да ја проверат на електронскиот систем e-pdd.ujp.gov.mk, да ја потврдат или корегираат. Во соработка со Светска Банка обезбедуваме нов Интегриран даночен информационен систем, што ќе ја зголеми ефикасноста, ефективноста и ажурноста на сите услуги, а ќе има ефект и на наплатата и сузбивањето на даночното затајување. Со поддршка на УНДП, дел сме од проектот “Inspectors without borders”, а активно сме вклучени и во проектот за трансферни цени. Предизвици има постојано и важно е да се продолжи со зајакнување на институционалните капацитети за подобрување на процесите и услугите со воведување на нови технологии. Така ја зголемуваме и ефикасноста и довербата кај граѓаните.

Информа: Долго време сте во политиката, особено во последните неколку години на високи позиции кои носат и голема одговорност. Дали постои одлука за која можеби подоцна сте се покајале односно би ја промениле доколку сега би можеле?

Сања Лукаревска: Кога донесувате одлуки секогаш има и ризик, пред се поради објективни околности над кои неможете да имате целосна контрола. Така е во политиката, така е и во животот. Има ситуации и кога сум се преиспитувала, дали постоел и друг начин, дали можело и подобро. Кога ја имате довербата во партијата или во државата да одлучувате за прашања кои што имаат многу пошироко влијание, надвор од вашиот личен простор, тогаш одговорноста е огромна и тежи. Но, најнеодговорно е да се побегне од одговорноста. И тоа ги прави различни и луѓето и политичарите. Довербата ја заслужуваат оние кои имаат капацитет да го проценат моментот и да донесуваат храбри одлуки, без да се плашат од товарот што лично ќе го понесат, ако е тоа интерес на државата и на граѓаните. На подолг рок, времето ги валидира одлуките. Јас сум убедена дека одлуките што ги донесувам, како резултат на политиката што ја застапувам, ќе бидат потврдени од времето како историски.

Информа: За прв пат имаме седум кандидати за претседател. Колкави шанси има Пендаровски да добие втор мандат и доверба од граѓаните?

Сања Лукаревска: Исправните политики секогаш имаат шанса. Претседателот Стево Пендаровски во својот мандат покажа дека е претседател на сите граѓани, човек со интегритет, посветен на напредокот на државата како членка на НАТО и идна членка на Европската Унија. Сите успеси досега, пред се во надворешната политика и во одбраната, ги остваривме заедно. Пендаровски работи на градење на цврсти позиции на државата надвор, што гарантира мир, стабилност и развој. Најважна е благосостојбата на граѓаните, а тој се грижи за тоа и работи на остварување на целите за европска Македонија. Убедена сум дека сите прогресивни граѓани ќе го поддржат да добие втор мандат и да ја води државата низ процесот за членство во Европската Унија.

Информа: Доколку СДСМ повторно биде дел од власта, на која позиција се гледа Сања Лукаревска?

Сања Лукаревска: За позициите да зборуваме по формирањето на новата Влада во која ја гледам СДСМ и коалиционите партии со кои што споделуваме исти вредности и цели. Ќе има многу простор за работа и верувам дека за секој кој што ќе сака искрено и одговорно да се вклучи во реализацијата на програмата на идната Влада, ќе има место.

Информа: Која е пораката што би сакале да ја испратите на граѓаните на Македонија?

Сања Лукаревска: Почитувани граѓани, кога ќе одлучувате, пред се помислете на себе, на сопствената и на иднината на вашите деца. Вие сте најважни. Направете го изборот со кој што полесно ќе излезете во Европа, нема тоа да биде привилегија само на некои, туку нормалност за сите, или пак да останете во европска Македонија, ќе биде добро, а дома си е дома.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Браво за БЈБ: Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

МВР извести дека денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го уапсиле И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. „При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори...

Немили сцени во Куманово: Избоден малолетник, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар. Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,...

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек...

ДЕНЕСКА Е ЃУРЃОВДЕН: Бог го дарува Св. великомаченик Георгиј со сила да им помага на тие што го слават неговото име

Денеска е 23 април (по стар стил) и се слави Св. великомаченик Георгиј. Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта...

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните, по НАТО ќе ја внесе земјата и во ЕУ

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, изјави дека нема да се откажат од нивната цел за Македонија во ЕУ, исто како што Илинденците и Асномците во минатото не се откажале од создавањето на независна и самостојна држава. „СДСМ заедно со...

ДОБАР ПОТЕГ: Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност со што се враќаат старите цени. Ова е епилогот по денешниот нов состанок во Министерството, откако осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за...

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

После долго боледување, денеска на Велики Четврток, почина таткото на Тоше Проески, Никола. Веста на социјалните мрежи ја сподели неговата ќерка, Дора Проеска. -Светол патот, татко мој – напиша таа. Нека почива во мир и сочувство до семејството!

Домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца – обичаи за Велики четврток

Денес е Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На...

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов, му одговори Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, на условот за коалицирање изнесен вчера...

Љубчо Георгиевски: Испаѓа дека ВМРО-ДПМНЕ се најголеми платеници на бугарските служби

На Фејсбук се појави обајава од Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-Народна партија. Ајде уште еднаш да појаснам зошто очигледно некои луѓе потешко разбираат: -Во 2014 година во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиер Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија објавува едиција PRO...

Лукаревска од Виница: Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност

Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност. СДСМ памти, почитува и цени, нема да отстапиме од нашиот план: Mинимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари Усогласување секој јануари и јуни,...

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

МВР извести дека вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа...