Познатиот водител и продуцент на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Живојин Жика Јакшиќ, се наоѓа во сериозна здравствена состојба откако доживеа мозочен удар пред неколку недели. Инцидентот се случил ненадејно, поради проблеми со крвните садови, а веднаш потоа бил хоспитализиран во една белградска болница.
Според неофицијални, но сигурни извори, последиците од мозочниот удар се сериозни – Жика има нарушен говор и одземеност на едната страна од телото, поточно раката и ногата. Моментално е под надзор на тим лекари и е во процес на интензивна рехабилитација.
Жика Јакшиќ веќе подолго време е едно од најпрепознатливите лица на Гранд продукција, со децениска кариера како водител, продуцент и автор на бројни забавни формати. Веста за неговата здравствена состојба ја потресе јавноста и бројни колеги и обожаватели му испратија пораки со поддршка и желби за брзо закрепнување.
Иако неговата состојба е стабилна, изворите блиски до продукцијата откриваат дека пред него е долга и неизвесна битка. Сите се надеваат дека Жика ќе излезе како победник и од оваа лична битка, како што тоа го правел безброј пати во кариерата.
Жика Јакшиќ е едно од најпрепознатливите лица на српската естрада, кој повеќе од две децении е дел од најгледаните телевизиски проекти на Балканот. Неговата кариера започнува како музичар, но вистинската слава ја стекнува како водител и продуцент во Гранд продукција. Со својот карактеристичен стил, топлина и харизма, тој стана миленик на гледачите ширум регионот.
Најмногу се прослави како долгогодишен водител на емисијата „Гранд шоу“, но врвот на неговата кариера несомнено е поврзан со музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“. Овој уникатен проект, кој се фокусира на талентирани луѓе во позрела возраст, ја освои публиката токму поради емотивниот пристап и искреноста, нешто по што Жика отсекогаш се издвојувал.
Како креативен директор и продуцент, тој играше клучна улога во развојот на нови телевизиски формати во рамки на Гранд, и помогна во создавање на бројни кариера на денешни познати музички имиња. Жика не беше само лице пред камерите – тој беше срцето на продукцијата.
Неговиот придонес во музичката и телевизиската сцена е немерлив, а неговата љубов кон уметноста и публиката го направија икона во регионалната естрада. Поради сето тоа, јавноста со голема загриженост ги следи информациите за неговото здравје, надевајќи се дека наскоро ќе се врати на малите екрани, таму каде што му е местото.