Жена удри пешак во Скопје и избега – избега и повредениот, таа е приведена

6348

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода С.В.М. (42) која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.

Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Повредениот пешак по укажаната медицинска помош заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот велат од ТОАРИЛУЦ.

По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Претходна вестСе огласи познатиот адвокат: Очекувајте на судењето кое следи некое спектакуларно вештачење дека пешакот е виновен
Следна вестВМРО-НП на Љубчо Георгиевски повика покрај бојкот на маркетите да се бојкотира и ексју музиката