Жена без документи и билет го надмудри целиот систем на белградскиот аеродром и стигна до авион

2909

Безбедносните камери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ забележале неверојатна сцена на 8 јануари – жена од Србија, депортирана од Франција, успеала да ги избегне чуварите, да се провлече под електронските порти и да стигне до авион кој требало да полета за Малта, и тоа без билет и документи. Овој инцидент го разоткрива недостатоците во безбедносниот систем на аеродромот, пренесува порталот „Nova.rs“.

Жената, идентификувана како српски државјанин од Смедерево, пристигнала во Белград по депортација од Франција. Според новите правила за депортирани лица, документите на патниците се предаваат на полицијата или службениците за безбедност. Но, во овој случај, документите на жената не се знае кому се предадени. Таа го искористила овој пропуст, поминувајќи под лентите за контрола и провлекувајќи се низ електронските порти.

На снимките од безбедносните камери се гледа како жената се провлекува низ системот, влегува во празна канцеларија, а потоа ја губат од видокруг. Таа стигнала до авионот на „Wizz Air“ кој требало да полета за Малта, каде екипажот забележал дека нема документи и билет. На крај, полицијата ја привела жената.

Иако на аеродромот постојат бројни безбедносни мерки, како патролни полицајци и камери за надзор, никој не ја забележал жената додека го избегнувала системот. По апсењето, таа била испратена на психијатриска опсервација и подоцна пуштена, без јасна информација дали ќе биде поднесена пријава против неа.

Овој инцидент се случил само три недели откако беше пуштен во употреба новиот систем на електронски порти, кој беше промовиран како голем чекор кон зголемување на безбедноста. Сепак, настанот ја открива нефункционалноста на системот и недостатокот на обука на вработените, повторно поттикнувајќи сомнежи во безбедносните капацитети на аеродромот „Никола Тесла“.

Претходна вестГолема трагедија го потресе Балканот: Во несреќа загина 22-годишниот фудбалер
Следна вестНајстариот човек на светот има 112 години: Откри што јаде и како дочекал длабока старост