Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука за прогласување на тридневна жалост поради смртта на младата сограѓанка Симона Каранфиловска.
Советот на општина Македонска Каменица прогласува тридневана жалост на подрачјето на општина Македонска Каменица поради смрт на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска од Македонска Каменица. Деновите 30.12.2025 година, 31.12.2025 година и 01.01.2026 година се прогласуваат за денови на жалост. Се одлагаат сите настани од забавен карактер организирани по повод Новогодишните празници, се вели во одлуката.
Државните знамиња пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.
Одлуката за прогласување тридневна жалост се темели на фактот дека Македонска Каменица, како мал град и релативно мала општина, е потресена од смртта на Симона Каранфиловска, која била бремена, а починала вчера на 31-годишна возраст.
Починувањето на бремена жена значи згаснати два живота во општина со малубројно население.
Инаку, ова не е првпат Општина Македонска Каменица да прогласува денови на жалот поради смрт на прерано починати жители. Истото во последниве години се случило неколку пати, објаснуваат оттаму за „Нетпрес“.
Локалниот сајт Каменица24 пак напиша:
-Ќе те паметиме по твојата добрина, насмевка и светлина што ја ширеше околу себе. Твоето присуство ќе недостасува, но спомените ќе живеат вечно во нашите срца. Почивај во мир.



