Згаснаа два млади животи: Почина 36-годишниот мотоциклист Давор кој со брзина од 160 km/h минатиот викенд покоси 44 годишно лице

818

Вчера почина Давор Будан, 36-годишен мотоциклист кој загина во сообраќајна несреќа на државниот пат Д-8 во месноста Свети Филип и Јаков минатиот викенд во Хрватска.

Во саботата, Будан, додека возел мотоцикл со задарски регистарски таблички од правец на Задар кон Шибеник, удрил во 44-годишен чешки државјанин кој ја преминувал улицата надвор од обележан пешачки премин.

По судирот, мотоциклот со возачот продолжил неконтролирано да се движи и удрил во бетонски ѕид. 44-годишниот пешак починал на местото на несреќата.

Будан бил пренесен во болницата во Задар, каде што му биле утврдени повреди опасни по живот.

Истрагата утврди дека Будан не ја прилагодил брзината на условите на патот. Се тврди дека се движел со брзина од над 160 км/ч.

Претходна вестСе огласи сопругата на Андреј од ДНК, Наталија има порака до сите: Заеднички на марш во сабота од 12:05 часот
Следна вестТажната вест се прошири пред малку: Синоќа починал познатиот македонски музичар