Земјотрес ја стресе Македонија. Многу граѓани се вознемирени.
Доста граѓани се пожалија на социјалните мрежи дека почувствувале тресење односно земјотрес.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Републиката,
поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



