Западните земји ги обвинија руските хакери за сајбер напади

Група од 11 западни земји ги обвинија хакерите на руската воена разузнавачка служба во заедничка изјава за напади врз компании од одбранбениот, транспортниот и технолошкиот сектор кои обезбедуваат помош за Украина.

Група земји составена од САД, Велика Британија, Германија, Чешка, Полска, Австралија, Канада, Данска, Естонија, Франција и Холандија изјавија дека хакерската група Unit 26165, позната во сајбер светот како „Fancy Bear“, спроведува кампања за напад повеќе од две години, користејќи низа тактики како „скам меилови“ и украдени лозинки.

На мета се владини организации и приватни компании од одбранбениот, транспортниот, поморскиот и ИТ секторите од Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Украина и САД, се додава во соопштението.

Претходна вестФилипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра
Следна вестНова пресуда за родителите на момчето убиец од „Рибникар“: Ќе треба да исплатат 58.000 евра