Загина македонски државјанин во несреќа во Италија: Се огласија и службите – го открија неговиот идентитет

995

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг возач бил повреден.

Жртвата е државјанин на Северна Македонија кој живеел во Луго. Двата камиона се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот – кога дошло до силниот судир.

Според италијанските медиуми, Ислами Месут, 60-годишниот државјанин на Македонија, е човекот кој загина во трагичната несреќа кај каменоломот во Фосо Џијaја.

Општината Луго изрази сочувство до семејството на Месут – неговата сопруга, двете деца и внуците.

„Добро познат во заедницата Валтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дојде во Италија пред околу 20 години да работи. И тоа секогаш го правеше со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.

„Макс и неговата сопруга се добро познати и почитувани низ цела Валтана, каде решија трајно да се населат по краток престој во Равена. Нивната работа им овозможи на двете нивни деца да дипломираат и да купат куќа.

Сметаме дека сме биле среќни што ги имавме за соседи и пријатели“, рече Валерија Монти, претседателка на Советот на Валтана. „Тие беа прекрасна фамилија, совршен пример за интеграција.“

Претходна вест(ВИДЕО) Тажни сцени на „Маршот на Ангелите“, по тажниот говор девојка се онесвести
Следна вестЗа жал, не издржа: Полицаецот кој беше застрелан со 10 куршуми ноќеска им подлегнал на повредите