Загина 33-годишна жена на автопатот Гостивар – Тетово, шест други лица се повредени

133

СВР Тетово информира дека вчера околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.

– Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок.

Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирал смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од село Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Претходна вестВремето денеска претежно стабилно, суво и сончево
Следна вестМицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите