Заев: Ја најдовме пукнатината на режимот, најдовме докази за нелегално снимање на над 20 илјади луѓе

5422

Главни говорници на Шарената револуција беа активисти, граѓански организации и различни важни луѓе од нашето општество. За сето ова време не беше лесно, затоа што режимот ја користеше режимската полиција, тие уапсија многу луѓе, затворија, им се закануваа на децата на семејствата и беше навистина страшно, но, имајќи ги предвид сите дискусии, овде имаме една многу голема среќа – ја најдовме пукнатината на режимот и ја искористивме за борба против режимот, продолжувајќи со алатки за ненасилство, со многу трпение, со блокади на сите улици на главниот град на Северна Македонија, Скопје, но и низ целата земја, а пукнатината беше – ние заедно со неколку многу храбри луѓе најдовме нелегални материјали за снимање околу 20 илјади луѓе во државата, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.

Тој додаде дека по откривањето на нелегалните материјали во јавноста се објавуваа политички бомби, секој трет или секој четврти ден.

– Успеавме да ја ставиме владата на преговори тогаш и тие ги прифатија сите наши услови што значат нов јавен обвинител, нов менаџмент на јавниот радиодифузен сервис, нашата национална телевизија, технички министер за внатрешни работи, кога ќе се случат избори сто дена пред тоа, технички министер доаѓа од опозицијата и од организациите заедно, исто така министер за социјална заштита и три заменици министри за земјоделство, администрација и финансии. Да имаме шанса да контролираме и да имаме шанса да се бориме против режимот на демократски начин преку избори и ние да успееме. Во 2016 година имаше избори, ние победуваме на овие избори и секако дека имаме мнозинство за промена на власта – рече Заев.

Претходна вестРусин избоде до смрт двајца Украинци во Германија
Следна вестДоаѓа сонце, па пресврт со времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена