„Врсник ме исмејуваше, а потоа ме турна и ја скршив раката“ – емотивна исповед на малиот Виктор кој минува низ пекол поради сериозен здравствен проблем

59

Семејството Стевановиќ од Ниш се соочува со предизвици кои многумина тешко можат и да ги замислат.

Тринаесетгодишниот Виктор, кој се бори со сериозни здравствени проблеми – намалено лачење на хормонот за раст и дислокација на коленото, секојдневно се соочува со болки и физички ограничувања.

Неговата сестра Андреја, која има само 16 години, поминала низ дури 27 операции поради вродени деформитети на потколениците и стапалата, додека деветгодишната Василија расте во скромни и тешки услови. Поради тесната ситуација и живеењето на петти кат без лифт, сите членови на семејството минуваат низ низа тешкотии кои изгледаат непремостливи.

Виктор е изложен на физичка болка и секојдневно задевања од неговите врсници, што дополнително ја комплицира неговата ситуација.

– На часот по физичко ме турна, толку силно што паднав и ја скршив раката. Другите ме исмејуваат поради моите нозе и велат да купам нога од киоск – рекол Виктор за српски Курир објаснувајќи колку му е тешко што врсниците не го разбираат.

Покрај повредите и болките, искачувањето на пет ката без лифт е само уште еден тежок предизвик.

– Ми требаат околу 20 минути за да излезам од станот – вели Виктор, кој мора внимателно да го испланира секое излегување. Поради специјалните ортопедски апарати на неговите нозе, процесот на облекување и подготовка за училиште одзема многу време.

Претходна вестЧајот против неровза на 83-годишниот Христо од Кочани се побаран: Открива што има во него
Следна вестПејачката проговори: До 19 години мислев дека сум Македонка, а потоа ја дознав цела вистина