Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, полицијата ги испитува сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Се наведува и дека полицијата го одзела телефонот на мајката на исчезнатото девојче и бил испратен на вештачење.
Данка Илиќ исчезна пред 24 часа и се поставува прашањето за нејзината здравствена состојба.
Педијатарот Саша Милиќевиќ за ТВ Курир објасни што може да го загрози здравјето на изгубеното двегодишно дете.
„Најголемата опасност е од хипотермија, т.е. настинување, смрзнување, бидејќи телото на детето сè уште го нема доволно развиено тој центар за терморегулација и децата се многу почувствителни на ниски температури од нас. Има еден централен мозок, наречен хипоталамус , кој ја регулира нашата телесна температура и е цела низа процеси во телото кои се трудат да го загреат нашето тело во ладни услови.Сепак, тој механизам природно си има своја граница“, вели педијатарот и додаде:
“Втората опасност е всушност дехидрација, бидејќи телото на детето има многу поголемо количество вода отколку што имаме ние возрасните. Значи, непиењето течности може да доведе до дехидрација. Конечно, опасноста од внесување храна, т.е. од глад. Значи, вистинска опасност за децата во тоа што се наоѓаат во такви услови навистина постои“.
На прашањето околу тоа кога може да дојде до дехидрација, или колку часови непиење вода доведува до таква состојба, д-р Милиќевиќ вели дека тоа е индивидуално.
„Зависи дали детето пиело вода претходно, зависи дали детето е премногу активно, но сигурно знаеме дека детето може безбедно да издржи 10 до 15 часа без вода, па дури и подолго. Сега прашање е колку резерви има, дали тоа дете пиело течности пред да исчезне? Може да издржи неколку дена без да јаде, рече тој.
Медиумите објавија дека полицијата проверувала дали има безбедносни камери на местото каде исчезна девојчето. Само на една куќа била пронајдена камера, а полицијата ја симнала таа снимка и ја прегледала, но на видеото не се гледа Данка.