„Вреди“ ја добива позицијата претседател на Собрание!?

1621

Според извори на ТВ21, веќе е постигнат договор, албанската опозициона коалиција „Вреди“ да го добие претседателското место во највисокиот орган на државата и носител на законодавната власт во Македонија.

Од свои извори, дознаваме дека единаесеттиот состав на Собранието ќе добие претседател од коалициониот партнер на Христијан Мицкоски, на оваа тема се разговарало на последната средба одржана помеѓу работните групи на двете партии. Тоа беше и едно од главните барања на коалицијата „Вреди“, покрај останатите фунции во власта на сите нивоа.

Новиот парламентарен состав по нов деловник

Инаку единаесеттиот парламентарен состав, ќе работи согласно донесените измени на новиот деловник. Таму е предвиден рок колку долго може да трае седницата за избор на претседател на Собранието, прашање кое не е уредено во постојниот. Измените се во членот 21, каде што во ставот 2 се предвидува: „За избор на претседател на Собранието да се води единствен претрес кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот“

Дали го добиваат и МВР?

Дали и Министерството за внатрешни работи може да припадне на коалицијата Вреди, разговаравме синоќа со актуелниот министер Панче Тошковски, тој вели дека сите опции се отворени.

Претходна вестСе огласи и партијата на Палчо, Десна: Еве какви барања имаат тие
Следна вестНиколоски во МВР, Муцунски оди во МНР, Кочовска пак во финансии, Панче Тошковски оди во правда? – Телма ги открива новите министри