Вперил пиштол кон возило во кое се превезувале полициски службеници, кривична за 37-годишник тетовец

23

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 05.10.2025, пријавениот од возило „фолксваген амарок“ вперил пиштол кон возило во кое се превезувале полициски службеници, а по извршен преглед над возилото се пронајдени и одземени пиштол „Валтер“ и нож.

Претходна вестЛажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
Следна вестРодено 16 недели предвреме – девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари