Возило излета од патот и удри во работник – има и повредени

Работник се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата се случила на 17 август околу 17:50 часот, кога патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од селото Слатино, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово.

Во моментот на несреќата, повредениот извршувал работни задачи во плац на правен субјект во Тетово.

Во несреќата И.Љ. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.С. и неговиот 19-годишен сопатник Е.И., исто така од селото Слатино, се здобиле со телесни повреди.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за несреќата се утврдуваат.

Претходна вестЗапочна невремето во Македонија – еве во кои делови имаме нестабилност
Следна вестЕден од најопасните пожари во Македонија: Над 20 куќи изгореа во Чаниште, пожарот се закануваше и на манастир