Возило излета од патот и оштети паркиран мотор

3015

За малку е избегната посериозна несреќа вечерва во центарот на Велес, откако автомобил „Мерцедес“ со странски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во скалите што водат кон новоизградената фонтана кај Трговскиот центар.

Во инцидентот е оштетен и моторцикл кој бил паркиран во непосредна близина на местото на несреќата.

Според првичните информации, во незгодата нема повредени лица, а засега не се познати причините поради кои возачот ја изгубил контролата над возилото.

Надлежните служби извршиле увид, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

Претходна вестМинистерот Тошковски вечерва најави ШОК во предметот за кој зборува цела држава: Имам видено докази кои ќе ја шокираат јавноста
Следна вестТажна вест вечерва: Почина текстописец на едни од најголемите македонски хитови