Ноќеска на Нови Белград, пијан возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, усмрти тројчлено семејство – татко, мајка и деветгодишно дете.
Несреќата се случила околу 01:00 часот наутро, на крстосницата на Булеварот Хероја со Кошара и Улицата на младинските бригади, во близина на Кула West 65.
Според првичните информации, возачот бил под дејство на алкохол и изгубил контрола над возилото, при што со голема сила удрил во автомобилот на семејството. Од ударот е срушен столб на јавната расвета, а автомобилот е целосно уништен.
На местото на несреќата, екипите на пожарната и Итната помош нашле три тела покриени со бели чаршафи, додека две лица преживеале со тешки повреди и се пренесени во болница.
Возачот веднаш е уапсен и му е определено задржување до 48 часа. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртен исход.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека синоќа, околу 00:50 часот, на улицата Омладински бригада во Нов Белград, се судриле два автомобила, Ауди и Хјундаи, при што загинале три лица.
– Возачот на „Ауди“ Н. Ѓ. (2001), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол во организмот од 1,17 промили – изјави Ивица Дачиќ.
– На Н. Ѓ. ќе бму биде одредено задржување до 48 часа и, со кривична пријава, ќе биде приведен во надлежното обвинителство. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите и нагласувам дека ќе продолжиме со најстрогите контроли и санкции против сите оние кои ги загрозуваат животите на граѓаните со своето арогантно и неодговорно возење – рече Дачиќ, објави српски Блиц.



