Возач на четирицикл удрил во пешаци, четворица повредени во Битолско

45

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.

Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Претходна вестИнтер со убедлив старт – петарда против Торино на Сан Сиро
Следна вестПолицаец претепан од осуденик во затворот „Идризово“