Вонредна вест во Македонија ова утро: Затворени 15 „училишни сендвичари“

1392

Во изминатите десетина дена Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе засилен инспекциски надзор кај операторите со храна, при што беа извршени 445 контроли низ државата. Од овој мониторинг произлегоа сериозни мерки: изречени се 15 забрани за вршење дејност, а запленети и уништени се 696 килограми небезбедни производи и храна со непознато потекло.

Овој циклус на контроли беше насочен кон објектите кои се наоѓаат во близина на основни и средни училишта – локации од кои учениците најчесто набавуваат ужина. Инспекторите утврдиле низа неправилности. Деветнаесет оператори пуштале во промет небезбедна храна, кај триесет биле забележани лоши хигиенски услови, а дури дваесет и шест работеле без да бидат регистрирани во АХВ.

Проблеми се констатирани и во организацијата и стандардите на работење. Шеснаесет оператори воопшто немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, додека кај триесет и двајца не бил спроведен задолжителниот здравствено-санитарен преглед на вработените. Во три објекти немало извршено редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а седум не ги исполнувале основните технички услови за работа. Во исто толку случаи е затекната и несоодветно означена храна.

Како последица на сите утврдени пропусти, АХВ изрече 77 парични казни со вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се и 103 решенија со задолжение операторите да ги отстранат недостатоците, како и 23 опомени.

Дел од контролите продолжуваат и во наредните денови, а од Агенцијата најавуваат дека фокусот и понатаму ќе остане на безбедноста на храната што секојдневно ја консумираат децата.

Претходна вестУжасни вести од Турција: Тројца туристи починаа – откако се затруле од храната во хотелот, се врши детална истрага
Следна вест(ФОТО) Автобус со 30 жени патници одел кон манастир во Грција – доживеале страшна несреќа