Во поднесокот за нова влада во Собранието, Мицкоски во 5 реда текст до Гаши 5 пати пишува Република Северна Македонија

100

Во поднесокот на имињата на новите министри и програмата за нова влада, мандатарот Христијан Мицкоски во една реченица уставното име на земјава го користи три пати. Четвртиот пат го става покрај своето презиме како „мандатар за составот на Владата на Република Северна Македонија“, а го користи уставното име и горе, покрај презимето на Гаши – „претседател на Собранието на Република Северна Македонија“, пренесе Сакам да кажам.

На 5 јуни, Мицкоски кажа дека во говорите нема да го употребува името Северна Македонија, а сите документи и закони ќе ги потпишува со уставното име. Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека негово елементарно човеково право е да ја вика земјата Македонија, а сè што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува.

„Целокупната институционална комуникација која е дел од Уставот и законите ќе биде почитувана сè додека тие закони се на сила. Но, во моите изјави името ќе биде Македонија“, рече тогаш Мицкоски на прес-конференцијата во Собранието по поднесување на предлог-закон за реорганизација на Владата односно формирање нови министерства.

Собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 22 јуни, а Мицкоски денеска изјави дека се надева оти ќе биде изгласана до полноќ на 23 јуни, „за понеделник (24 јуни) да биде нејзиниот прв работен ден“. Владата е составена од министри предложени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и од ЗНАМ.

Извор: СДК.мк

претходниот член,Тажната вест брзо се прошири: Македонија загуби одличен новинар – слава му
Следната статијаМицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со Република Северна Македонија