Во опасна пресметка, има и загинати: Според првичните информации се работи за ликвидации помеѓу членови на кланови

2322

Само што се случи, граѓаните се уште се во паника.

Фотографиите од местото на несреќата брзо се проширија.

Има повеќе загинати.

Иако најверојатно се работи за пресметка меѓу кланови, обичниот народ е избезумен.

Градот Шкодра и понатаму е потресен од вооружено насилство и организиран криминал.

Во период пократок од една година, граѓаните беа сведоци на два масакри што ја шокираа јавноста и ја зацврстија сликата за градот како арена на ривалски банди.

Масакрот во Добрач

На 30 октомври 2024 година, четири лица беа убиени во населбата Добрач. Главната мета, според сомневањата, бил Ибрахим Личи – лице за кое постоела потерница и заколнат непријател на кланот Бајрај. Тој успеал да избега од рафалите, но животот го загубиле неговиот брат Хамза Личи, пријателот Арлинд Бушати, како и брачниот пар Флутура и Башким Башa – случајни минувачи кои се нашле на погрешно место во погрешно време.

Масакрот од 8 септември

Во најновиот вооружен напад во центарот на Шкодра, цел на атентатот бил Ероген Васо, познат како Брајовиќ, близок до кланот Бајрај и ривал на Личите. И тој успеал да преживее, но неговите пријатели Армандо Пали и Лиридон Краја биле убиени. Во престрелката била повредена и една келнерка – недолжна граѓанка која се обидувала чесно да заработи за живот.

Заедничка шема

И двата масакри имаат сличен образец:

-главните цели преживуваат,

-нивните придружници стануваат жртви,

-случајните минувачи не се поштедени,

-градот останува во страв.

Според првичните сомневања, зад првиот напад стои групата на Бајрај, додека вториот се поврзува со одмазда од Личите. Она што сè уште недостасува е официјална реакција и целосно расветлување на крвавите досиеја.

Во меѓувреме, жителите на Шкодра живеат со секојдневен страв, додека улиците сè повеќе се претвораат во бојно поле на ривалските банди.

Претходна вестЛоши вести за Македонците со бугарски пасоши
Следна вестВо сабота „Марш на ангелите“ во Скопје, родителите на загинатите деца го најавија протестот