Во најава тешки денови за оние кои работат на црно во Германија

31

Незаконската работа ја поткопува домашната економија и ја намалува довербата во владеењето на правото, предупреди во средата германската влада, откривајќи нацрт-закон за борба против тоа, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Нацртот предвидува построг финансиски надзор во надлежност на царината и дигитализација за поефикасен надзор, соопшти Министерството за финансии.

Од Министерството велат дека фер конкуренција и еднакви услови за работа се можни само со ефикасна борба против незаконското работење.

Новиот закон дополнително треба да обезбеди наплата на даноците за буџетот и фондовите за социјално осигурување.

Министерот за финансии Кристијан Линднер најави дека контролата на нелегалната работа ќе ги открие „злоупотребите на системот за социјална помош“ и вети брзи и непосредни правни санкции.

Имено, според предлог-законот, финансиската контрола ќе биде овластена самостојно да истражува измами во областа на социјалната помош и да покрене постапка против криминалци.

Претходна вестБлагојче Најдовски: Телото на Александар Македонски било потопено со мед и донесено од Багдад во Македонија
Следна вестУБАВА ВЕСТ: Ќе ви легнат пари на сметките – еве кој ќе се израдува до 11 јануари!