Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни

42

Според податоците до 18:30 часот на 3 септември 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, активни се 2 пожари, 4 се ставени под контрола, а 11 се изгаснати.

Активни пожари:

Општина Долнени, села Ропотово и Рилово – зафатена мешана шума.
Општина Липково, село Никуштак – гори деградирана нискостеблеста шума.
Под контрола се:

Општина Долнени, помеѓу селата Долгаец и Стровија – нискостеблеста вегетација.
Општина Гази Баба, депонија Вардариште – отпад.
Општина Гевгелија, планина Кожуф – приземен пожар.
Општина Македонски Брод, повеќенаменско подрачје Јасен – мешана шума.
Изгаснати се 11 пожари во општините Кичево, Македонски Брод, Илинден, Гостивар, Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар, Куманово и Старо Нагоричане, каде што беа зафатени стрништа, депонии, ниска вегетација и шуми.

Надлежните апелираат за внимателност на отворено, бидејќи голем дел од пожарите се резултат на човечка негрижа.

Претходна вестШумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра
Следна вестВремето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи