ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица излажаа? Илире Даути не е разрешена – ќе остане претседател на Комисијата

622

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица веќе 24 часа на социјалните мрежи тврдат како тие се заслужни за разрешувањето на Илире Даути. Сето тоа наиде на позитивна реакција во јавноста, но – набрзо следуваше и ладен туш. Според пратеникот од ВРЕДИ, Халил Снопче, неговата колешка Илире Даути не е разрешена и таа ќе остане претседател на Комисијата за социјални работи и демогрфија и млади.

Пратеникот на коалицијата ВРЕДИ, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.

Оттаму се вели дека пратениците на ВРЕДИ гласале против разрешувањето на Даути од функцијата како претседател на таа Комисија.

Госпоѓата Илире Даути не е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Значи, мораме да го расчистиме ова прашање бидејќи имаше дезинформации во медиумите на албански јазик, бидејќи Илире Даути ќе продолжи да ја врши истата позиција. Затоа, она што беше протечено во медиумите е невистинито. Исто така, коалицијата ВЛЕН гласаше против разрешувањето на Даути“, ијави пратеникот Снопче.

Претходна вестАвтомобил излета од патот Владимирово – Берово, возачот итно пренесен во болница
Следна вестЗаледен автопатот „Пријателство“, граѓаните револтирани – тендерите за снегот и мразот се 3,5 милиони евра, а допрва ќе растат