ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ полека станува изолирана партија

104

СДСМ полека станува изолирана партија. Тие не поддржаа системски закон, иако огромното двотретинско мнозинство на пратеници во Собранието изгласаа закон со што се покажа дека ВМРО ДПМНЕ за важните прашања има капацитет да води политички процес и да обезбеди поддршка, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна СДСМ се самоизолира и покажа дека е против државните интереси. Да беше тендер сигурно ќе го поддржеа, но системски закони не. Нормално против беше Венко Филипче кој да беше тендер на Пановски веднаш ќе го поддржеше исто како кога беше министер. Исто како и Славјанка Петровска која во својата кариера е позната по гафови и несреќни изјави. Тие од трката за лидер на СДСМ направија пародија и низ призмата на нивната борба носат одлуки во Собранието. За среќа овие ликови народот ги прати во историјата на последните избори. Потребно е сега да се соочат и со одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

претходниот член,СДСМ денес на Конгрес ќе го анализира изборниот пораз
Следната статијаКостадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд