ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини меѓу кои во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…

31

ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа уште во првиот круг во 18 општини. Меѓу нив и во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Бутел, Битола, Прилеп, Гевгелија, Аеродром…

Ова го соопшти Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

„Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места“, рече Мисајловски.

Мисајловски кажа дека Орце Ѓорѓиевски убедливо води во Скопје, и дека ВМРО-ДПМНЕ исто така има убедливо водство и во Струмица.

Претходна вестДимитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци
Следна вестМитко Јанчев прогласи победа во Кавадарци