ВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство: Прекината седницата за измени на Законот за реорганизација на Владата

143

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја прекина седницата за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

По завршување на расправата на Законот и откако СДСМ и Левица истакнаа дека се против носење на Законот по скратена постапка, Гаши ја прекина седницата и соопшти дека гласањето ќе се одржи кога ќе се создадат деловнички услови за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема поддршка ниту од пратениците на ДУИ.

Мицкоски претходно на прес-конференција од Собранието побара поддршка од сите пратеници.Имено со овој нов закон кој веќе е доставен до архивата, се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во рамките на самата влада и тоа ќе започнам со министерството за економија и труд кое практично ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаде сегментот труд за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму. Така што министерството за социјална политика и труд кое беше досега, ќе биде сега министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт која постоеше досега нема да постои и ќе имаме посебно министерство за спорт. Исто така дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, рече Мицкоски.Имено со овој нов закон кој веќе е доставен до архивата, се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во рамките на самата влада и тоа ќе започнам со министерството за економија и труд кое практично ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаде сегментот труд за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму. Така што

министерството за социјална политика и труд кое беше досега, ќе биде сега министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт која постоеше досега нема да постои и ќе имаме посебно министерство за спорт. Исто така дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, рече Мицкоски.

Дел од ингеренциите кои што ги имаше министерството за економија посебно во делот на туризмот ќе бидат сега присоединети до новото министерство, министерството за култура и туризам.

Ќе имаме ново министерство кое што ќе има задача да спроведе еден многу важен проект кој што ќе ја зголеми транспарентноста, владеењето на правото ќе ја намали основаното сомневање за корупција во рамките на администрацијата тоа е новоформираното министерство за дигитализација кое што во суштина ќе ги наследи обврските кој што ги имаше досегашното министерство за информатичка технологија и администрација. Ќе имаме исто така ново министерство тоа е министерството за администрација така што мислам дека со една ваква реорганизација ќе добиеме една ефикасност ќе добиеме осовременување на самата влада и ќе добиеме пред се она кое што го ветувавме за време на кампањата а тоа е да го подобриме животот и стандардот на сите граѓани во Македонија без разлика на нивната политичка и партиска припадност. Затоа уште еднаш би сакал да ја искористам оваа можност да се обратам до сите пратеници во македонскиот парламент да го поддржат овој закон затоа што на овој начин ќе покажеме дека не живееме во стереотипи стереотипите се минато и дека сите заеднички имаме една цел а тоа е како да направиме подобро место за нашите сограѓани за живеење. Ќе повторам кредибилитетот легитимитетот го дадоа повеќе од половина милион гласачи на последните парламентарни и претседателски избори на кои што јасно беше ставено на знаење што се очекува од нас политичарите и од идната влада, а тоа се пред се подобри услови за живот и реформи во секоја област и да не биде како онаа познатата како до сега, посочува Мицкоски.

За донесување на Законот се потребни 80 пратенци, бидејќи се работи за системски закон. СДСМ денеска истакна дека системски закон не смее да се менува по скратена постапка, а Левица претходно ја услови поддршката за Законот со една изборна единица.

претходниот член,Венко Филипче претседател, Стефан Богоев генерален секретар – СДСМ со ова дуо ќе се врати на победнички патеки
Следната статијаДеспотовски: Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на серија на јавни дебати