ВМРО-ДПМНЕ на плоштади и во штабови ќе собира идеи од граѓаните за изборните програми, најави Сајкоски

54

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека од 27 август до 3 септември на плоштадите на градовите ќе собира предлози од граѓаните за програмите со кои кандидатите за градоначалници ќе излезат на локалните избори.

„За таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од речиси сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација“, изјави генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски. Акцијата е насловена „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат. Партијата очекува масовен одѕив на граѓаните.

Претходна вестСкопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, напиша Мециновиќ
Следна вестМаксимална температура до 34 степени, времето денес сончево