ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ под притисок од ВРЕДИ се откажаа од химната во училиштата

1816

Интонирањето на македонската химна во училиштата нема да се спроведе. По реакциите од партиите ВРЕДИ и ДУИ, Владата го повлече Предлог-законот за средно образование, кој предвидуваше изведување на химната на почетокот и крајот на учебната година, како и за време на училишните приредби. Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека законот е повлечен за да се избегнат етнички тензии и да не се попречи усвојувањето на новата правна регулатива во образованието.

Пратениците од Европскиот фронт изразија задоволство од повлекувањето на законот, истакнувајќи дека не се согласувале со неколку одредби, особено со членот 54, кој предвидуваше интонирање на државната химна.

Партијата ВРЕДИ соопшти дека нивните активности придонеле за повлекувањето на законот, нагласувајќи дека државната химна нема да се интонира во училиштата.

Во изминатиот период, сведоци сме на неколку отстапки во образовната политика, како што се воведувањето на двојазични лиценци, доделувањето средства за Универзитетот „Мајка Тереза“, најавата за настава на албански јазик во Општина Чашка и овозможувањето формирање на паралелна албанска академија.

Претходна вест„Паднал незгодно, повредил глава..“: Познатите Македонци се простуваат од славниот музичар
Следна вестНајавен голем бојкот во Македонија: Овој петок ќе се бојкотираат големите маркети