(ВИДЕО) Врие во прилепското село Оревоец – тензии, блокади и граѓански бунт

705

Врие полиција кај селото Оревоец. Утрово конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој сака да отвори ископ за тампон за изградба на новите автопати веднаш над селото, повторно со камиони се обиде да влези во рудникот. Граѓаните револтирано го блокираа патот со своите возила. Велат дека добивале закани од полицијата дека сите ќе бидат притворени доколку не си заминат од блокадите.

Жителите велат дека нема да се повлечат по никоја цена затоа што и целиот слулчај во моментов е се уште во судска постапка каде тие бараат стопирање на ископот.

„МВР ни кажува преку командирот дека имало наредба да се отстранат возилата, да се приведат присутните и дека тоа ќе го сторат по секоја цена. Во моментот постапката е на одлучување за времена мерка пред Апелациониот суд Битола и сметам дека ваквата наредба е апсолутно незаконита ако се знае дека јавното претпријатие е странка во постапката и дека се очекува исходот во постапката. Најмалку што можеше е директорот на јавното претпријатие е да го сочека исходот на постапката за изрекување на привремена мерка, па потоа да презема вакви, можам да речам режимски мерки“, изјави Жарко Стеваноски, адвокат и жител на с. Оревоец.

Жителите на Оревоец велат дека доколку се започне со активно минирање на теренот и копање на камен комплетно ќе се уништи целото село, кое се наоѓа на само неколку стотини метри од рудникот. А исто така се доведувале во опасност и изворите за вода на Прилеп.

„Врз основа на вештачења обезбедени во судска постапка е утврдено дека ископот тука е штетен по здравјето, по водоснабдувањето и по стабилноста, односно статиката на објектите. Ако некој решил да бриши цели села од мапата на оваа држава, слободно нека повели, ова е начинот на кој ние се спротивставуваме. Ние продолжуваме упорно и ако денес ги кренат возилата со пајак службата наутро пак ќе има возила овде, веднаш после нивното кревање и ако можат да ги кренат сите возила од град Прилеп, слободно нека продолжат со ваквите активности“, додаде Стеваноски.

Во моментов очекуваме одговор од ЈПДП и МВР за целата новонастаната ситуација.

претходниот член,Подигнал брз кредит за биткоини – на крајот останал со празни раце
Следната статијаНикола (35) во автомобилот го качи својот 2-годишен син: Намерно преминал во другата лента и се забил во камион – загинаа и двајцата