(Видео) Трагедија во Скопје: Мајка и дете загинаа по пад од зграда во Карпош

13177

Тежок трагичен настан ја потресе јавноста попладнево во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и малолетно дете по пад од станбена зграда.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Жената, на возраст од околу 45 години, и девојче на приближно 10-годишна возраст паднале од балкон на шестиот кат од објектот.

На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт кај двете лица. Полицијата извршила увид, а надлежните институции започнале истрага со цел да се утврдат сите околности и причините за трагичниот настан.

Од надлежните засега нема официјални детали за тоа како дошло до падот, а повеќе информации се очекуваат по завршување на истражната постапка.

Претходна вестОвие граѓани да си ги проверат сметките – исплатата е започната
Следна вестЦелата вистина за трагедијата која ја потресе Македонија: Изгубени се два животи – ова не смее да остане само бројка