(ВИДЕО) Тажни снимки, од кои срцето боли: Земјоделците во солзи и неверување – град со големина на тениски топчиња уништи се што најде пред себе во Франција

11940

Обилните дождови ги парализираа патиштата, додека неверојатно силните ветрови соборија дрвја и далноводи, а локалното население се држи за главите додека ги гледа своите згради, кои беа уништени кога почна да паѓа градот.

Жителите на централна Франција од утрово ги проверуваат своите покриви, кои се „прободени“ од градот што падна.

„Градот беше со големина на тениско топче, погледнете го покривот“, вели една земјоделка додека покажува на BFMTV како изгледа нејзината куќа по синоќешната страшна бура.

Потсетете се дека две лица загинаа во невремето. Едно момче (12) загина кога две дрвја паднале врз него додека бил на брегот на река со своите три сестри. Втората жртва е идентификувана како 59-годишен мотоциклист, кој бил на патот кога бурата започна.

Најмалку 17 лица се повредени во бурата, некои сериозно. Француските медиуми објавија дека повеќе од 86.000 домови низ целата земја сè уште се без струја, додека повеќе од 39.000 удари од гром биле регистрирани над Франција и Белгија до полноќ синоќа.

Сите паркови во Париз останаа затворени за јавноста утрово додека властите ја проценуваат штетата и проверуваат дали парковите се безбедни за граѓаните.

И француската престолнина беше погодена од силната бура, при што улиците се претворија во реки поради невидени поројни дождови.

Претходна вест(ВИДЕО) Две лица го загубија животот, дрво падна врз 12-годишно дете, страотно невреме руши се пред себе и создава досега невидени проблеми, ситуацијата е крајно сериозна во Франција
Следна вестМицкоски објави за работата на финансиска полиција – Данела му напиша: Премиере, за 1 ден може да откриете криминал во Чаир